Папата Лав Четиринаесетти денеска предупреди дека во тековните руски напади врз Украина, цивилите остануваат без електрична енергија и греење на многу ниски температури и повика на прекин на конфликтот.
„Долготрајните непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, истакна папата по денешната миса.
Тој ги повика сите страни да ги интензивираат напорите за прекин на војната во Украина.
„Дури и во последните денови, Украина е погодена со континуирани напади што го оставаат целото население изложено на зимскиот студ. Со тага следам што се случува и се молам за оние што страдаат“, рече папата.
Како резултат на руското гранатирање во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, повеќе од 800.000 луѓе во Киев останаа без електрична енергија, а речиси 6.000 згради во градот останаа без греење.