Високите американски претставници Стиф Витков и Џаред Кушнер денеска се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи ја неговата влада да ја започне втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.
Нетанјаху се сретна со пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет и советник за Блискиот Исток, Џаред Кушнер, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер, во кое не се дадени детали за разговорот.
Неименуван функционер од Белата куќа ја потврди средбата.
САД сакаат примирјето постигнато со посредство на Трамп да остане во сила, но Нетанјаху се соочува со притисок да почека додека палестинското движење Хамас не ги врати останките од последниот заложник во Газа.
Втората фаза од прекинот на огнот вклучува повторно отворање на граничниот премин Рафа помеѓу Газа и Египет.
Прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври.