Свет

Најмалку десетмина го загубија животот во свлечиште во Индонезија, 89 се водат како исчезнати

Најмалку десет лица го загубија животот, а 89 се водат како исчезнати во свлечиште во покраината Западна Јава во Индонезија, соопшти денеска Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи.

Портпаролот на агенцијата, Абдул Мухари изјави дека свлечиштето е предизвикано во регионот Западен Бандунг во покраината Западна Јава во Индонезија по обилните дождови.

Мухари најави дека денеска ќе биде интензивирана операцијата за пребарување и спасување.

Најнови вести од Свет

To top