Најпредавничката партија во историјата ќе ги спречува „предавствата“ на власта. Оваа вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ е најкусиот опис на денешното обраќање на претседателот на СДС кој го претрпе најголемиот пораз во историјата на партијата. И пак ќе го изберат, затоа што ако се против, едноставно ќе ги исклучи од СДС.
Освен битката со „предавствата“, втора мисија на човекот која ја подели и онака поделената партија е да го исклучи секој оној кој не се согласува со него. Значи, на ред се предавствата во сопствени редови, по „оние“ на власта. Филипче во улога на разузнавачка и контраразузнавачка служба на СДС, УДБА, ОЗНА ли беше, но гените се тие…
На „оние кои мислат (не мислат како него) дека можат да седат на две столчиња (да го критикуваат за глупостите во низа) – да бидат во СДС, да работат за власта или да формираат фракции“, Филипче им порача дека тоа време наводно завршувало.
„Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас (да тендерисува потоа), добредојден е. Кој планира да нѐ поткопува одвнатре (да му укажува на грешките на малечкиот тиранин), да биде тројански коњ на ВМРО – ДПМНЕ (ако не си со мене, против мене си) или на други интересни групи (кои и сакаат добро на СДС, но не и на раководството) , нека си замине веднаш. Немаме време за предавства“, рече лидерот на најпредавничката партија во историјата, која го смени уставното име, преамбулата на Уставот, Уставот, знамето, воведе неаргументирана двојазичност, ја подели со Територијалната поделба од 2004-та. И така натаму.
Едно е сигурно, експертите за предавства веројатно можат да намирисаат предавство. Искуство, пребогато…