Македонија Министерство за образование и наука

Честит Меѓународен ден на образованието

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право а ние се стремиме што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин.

Честит Меѓународен ден на образованието

Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата.

Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. Најдобриот одговор е да се свртиме кон образованието и да укажеме дека секој може да придонесе тоа да биде поквалитетно, било како наставник, родител, општествено одговорна компанија или невладина организација.

Со најголеми буџетски ресурси досега, Министерството за образование и наука е насочено кон развој на современи наставни програми, унапредување на инклузијата во основното и средното образование и воведување нови, поправични формули за финансирање на училиштата. Продолжувањето на времето поминато во училиште со целни активности, не само што ги подобрува образовните резултати туку влијае и на целокупниот развој на учениците. Наставниот кадар има сигурност, добива повисоки плати и има можности за професионален и кариерен развој како никогаш досега.

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право а ние се стремиме што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин.

Најнови вести од Македонија

To top