Многу прашина се крена посл вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, кој „кралевите“ едвај го добија со 3-2 благодарение на пресвртот од 0-2 на полувремето, но сите зборуваат за одлуките на судиите.
Најпрво беше досуден пенал за Реал Мадрид по преглед на ВАР снимката, а потоа поништен гол на Алмерија за 1-3. „Капак“ на се беше признатиот гол на Винициус за 2-2, откако ситуацијата беше спорна поради игра со рака.
Објавено е што си рекоа судиите за време на спорните ситуации.
ПЕНАЛОТ НА РЕАЛ МАДРИД:
ВАР СУДИЈАТА ЕРНАНДЕЗ: Фран, ти предлагам да ја разгледаш ситуацијата за можно играње со рака на дефанзивец на Алмерија. Ти прикажувам снимка од надземната камера за да може убаво да видите. Ти одлучи.
ФРАН МАЕСО: Перфектно, ќе досудан пенал за Реал Мадрид без жолт картон
ПОНИШТЕН ГОЛ НА АЛМЕРИЈА:
ВАР СУДИЈА ЕРНАНДЕЗ: Фран, дојди и види ја оваа ситуација. Ви предлагам да погледнете можен прекршок во напад за погодокот.
МАЕСО: Да, тоа е навистина фаул во напад. Затоа ќе досудам прекршок во корист на Реал Мадрид и ќе му покажам жолт картон на играчот на Алмерија.
ПРИЗНАТ ГОЛ НА ВИНИЦИУС:
ВАР СУДИЈАТА ЕРНАНДЕЗ: Ви предлагам да ја видите ситуацијата дека можеби нема рака. Дајте ми ја точната гледна точка и стопирајте во моментот на ударот
МАЕСО: Дали топката му удира во раката?
ВАР: Го удира во рамото, вие само видете дали има прекршување на правилата.
МАЕСО: Се согласувам дека топката го удира во рамо, покажи ми ја ситуацијата од позади. Совршено, тој ја удира топката со рамо. Ќе го признаат голот, нема прекршување на правилата.
🗣️ AUDIO REVISIÓN VAR
🗓️ Jornada 21 | Primera División
⚽️ @realmadrid 🆚 @U_D_Almeria | 54′#ArbitrajeRFEF | @CTARFEF pic.twitter.com/pWOr6xMPEU
— RFEF (@rfef) January 21, 2024