Во рамките на својата работна посета во Анталија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, го посети и ФК Струга ТЛ. Омерагиќ денеска имаше целодневна активност со македонските клубови кои се подготвуваат во Турција за време на зимската пауза.
Вечерва првиот човек на македонскиот фудбал оствари посета и на стружани, при што разговараше и со директорот на клубот, Бесарт Исаку.
Стружани, како и преостанатите македонски прволигаши кои се подготвуваат во Анталија и во наредниве денови ги очекуваат интересни пријателски дуели.