Свет „Разговаравме за светски теми“

Зеленски: Постигнат договор со Трамп за испорака на ракети „Патриот“

– Разговарав со претседателот Трамп и добив – нема да кажам колку – ракети PAC-3 за системот ‘Патриот’“, изјави Зеленски за време на средба на Светскиот економски форум во Давос.

Зеленски: Постигнат договор со Трамп за испорака на ракети „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп за испорака на муниција за противвоздушниот систем „Патриот“, пренесе Укринформ.

– Разговарав со претседателот Трамп и добив – нема да кажам колку – ракети PAC-3 за системот ‘Патриот’“, изјави Зеленски за време на средба на Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде дека неговата посета на форумот била насочена и кон глобални прашања, но и кон конкретни практични задачи.

– Разговаравме за светски теми, но истовремено решивме прашање што јасно покажува зошто дојдов таму, рече Зеленски.

Претходно беше соопштено дека за време на Светскиот економски форум во Давос биле потпишани три договори насочени кон обнова и реконструкција на различни сектори на украинската економија, вклучително и енергетиката. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top