Македонија Сите патни правци се проодни

Магла на патните правци Тетово-Скопје и Тетово-Попова Шапка, на Буково и на Ѓавато

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Магла на патните правци Тетово-Скопје и Тетово-Попова Шапка, на Буково и на Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.

Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Најнови вести од Македонија

To top