Денеска, точно напладне во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија.
Бранителот на Купот Вардар за противник ја доби екипата на Охрид, додека Струга Трим Лум за ривал ја доби Шкендија Тетово.
Шкендија Арачиново во четвртфиналето ќе игра против Работнички, а второлигашот Детонит Плачковица е домаќин на Силекс.
Одредени беа и потенцијалните полуфиналиња. Во првото полуфинале ќе играат Вардар / Охрид – Детонит / Силекс, додека во второто полуфинале ќе играат: Струга ТЛ / Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново / Работнички.
Четвртфиналните дуели се на програмата на 25. февруари, а доколку дуелот заврши нерешено ќе се изведуваат пенали.