Занимливости

Еве како изгледа работата на нудистичка плажа? Хелена ги послужува гостите гола и открива што се случува кога маж ќе се „возбуди“

Хелена нашла работа како келнерка на нудистичка плажа во Шпанија. Таа отворено зборува за голотијата, границите, слободата на телото и самодовербата.

Еве како изгледа работата на нудистичка плажа? Хелена ги послужува гостите гола и открива што се случува кога маж ќе се „возбуди“

Хелена Бериман (47) за првпат стапнала на нудистичка плажа од љубопитност и љубов кон својот сопруг, кој со години практикувал живот без облека.

Немала поим дека токму овој чекор ќе ѝ отвори врата кон сосема неочекувана животна промена – работа во кафуле на нудистичка плажа во југоисточна Шпанија, во близина на популарен нудистички камп.

– На почетокот ми беше непријатно. Имав чувство дека сите гледаат, споредуваат, коментираат, но всушност беше сосема спротивното. Луѓето на нудистичка плажа се исклучително опуштени. Никој не обрнува внимание на целулитот, брчките, опуштениот стомак или градите кои веќе не се како што биле во своите дваесетти години. И токму затоа се заљубив во овој свет – вели Хелена.

Како изгледа работата без облека

Хелена ја доби работата преку пријателка која веќе работела во кампот, со јасен услов: сите вработени мора да ја почитуваат филозофијата на местото – не се носи облека, освен престилка од хигиенски причини.

– Облеков престилка, но немав ништо под неа. Ми требаа неколку дена да се навикнам да носам послужавници без долна облека, но штом сфатив дека никој не ме гледа како сексуален објект, престанав да мислам на моето тело како на „проблематично“. Почнав да го сакам – искрено признава таа.

Незгодни гости и дискреција

Хелена истакнува дека не сите гости се свесни за границите.

– Се случува некои мажи, особено помладите или оние кои се посетители за првпат, да не успеваат да ја контролираат својата возбуда. Ги гледате како седат со скрстени нозе, се кријат со крпа или велат дека им е жешко. Некои се обидуваат да ја игнорираат ситуацијата, но реално – сè е видливо – се смее таа.

Најнепријатниот момент, вели таа, бил кога еден гостин нарачал ладно еспресо, а додека го сервирала, нејзиниот поглед случајно паднал под масата:

– Бев во шок бидејќи човекот дури и не се обиде да скрие што му се случува. Само мирно реков: „Може ли да ви донесам дополнителен пешкир?“ Дискрецијата е клучна на вакви места – објаснува Хелена.

Голотијата не е синоним за разврат

Хелена нагласува дека голотијата не значи автоматски сексуалност.

– Ова не е порно камп. Луѓето се голи, но атмосферата е пријателска, семејна. Често доаѓаат постари парови, луѓе со деца. Голи сте, но никој не флертува. Луѓето гледаат во вашите очи, а не во вашето тело – вели таа.

– Мислам дека секој човек треба барем еднаш во животот да доживее какво е да се ослободиш од сè – облека, срам, очекувања и притисок дека мора да изгледаш совршено за да бидеш прифатен.

– Оваа плажа ми го промени животот. Ме научи дека моето тело не е непријател, туку дом. Дека жената може да се чувствува убаво и самоуверено дури и кога е гола – без шминка, филтер или градник. И ако нечии хормони функционираат – па, и тоа е човечко. Само треба да знаете како да се однесувате во такви ситуации – заклучува Хелена, горда што им помага на луѓето да се прифатат себеси токму онакви какви што се.

Теми на денот

To top