Нудистичките плажи се забранети во некои делови од светот, додека во други се главна туристичка атракција што ги тера луѓето намерно да ја посетуваат таа земја. Европа е еден од континентите каде важи второто.
Дали сте љубител на нудистичките плажи, но не знаете која би сакале да ја посетите и истражите? Дејли Мејл состави листа на најдобрите нудистички плажи на Стариот континент.
На таа листа има дури пет шпански локации – од пространата плажа Плајас де Вера во Алмерија, до Маспаломас во Гран Канарија, каде само дел од брегот е наменет за нудисти.
Франција е претставена со три локации – Плаж де Тахити во Сен Тропе, Бахира на Корзика, како и „голиот град“ Кап Д’Агде на југот на земјата.
Дејли мејл на оваа листа вклучи две плажи од Хрватска. На нудистите им се препорачува плажата Нугал кај Макарска, опкружена со борова шума, како и песочната плажа Сахара на островот Раб.
На листата има и по една плажа од Португалија, Италија, Грција, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Полска, Литванија и Латвија.
Листа на најдобрите нудистички плажи во Европа според Daily Mail:
Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија
Праја де Адика, Португалија
Плајас де Вера, Шпанија
Плаја де Кавалет, Шпанија
Ел Торн, Шпанија
Плаја де Торимбија, Шпанија
Cap D’Agde, Франција
Плаж де Тахити, Франција
Бахира, Корзика, Франција
Дали Бенас, Сардинија, Италија
Филаки, Грција
Нугал, Хрватска
Сахара, Раб, Хрватска
Callantsoog, Холандија
Сондерстранд, Данска
Хук, Норвешка
Агеста, Шведска
Łeba Plaża Naturystyczna, Полска
Швентоји, Литванија
Плажа Векачи, Латвија