Македонија

Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул.

На состанокот на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите  од земјите на Западен Балкан, Муцунски, како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање во кое се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.

На маргините на состанокот Муцунски се очекува да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top