Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денеска изјави дека прашањето за референдумот за обединување со Романија не е дискутирано ниту во Молдавија, ниту со европските лидери.
Британските медиуми потсетуваат дека Санду минатата недела изјави дека, доколку се одржи таков референдум, таа ќе гласа за обединување со поголемиот јужен сосед, со кој земјата има културни и јазични врски.
Нејзината изјава предизвика непријателска реакција од шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој рече дека таквото гласање би ја загрозило државноста на Молдавија.
Молдавија ја прогласи својата независност од Советскиот Сојуз на 27 август 1991 година.
Службен јазик на Молдавија е романскиот, а поголемиот дел од територијата на денешна Молдавија некогаш беше дел од Романија – пред и помеѓу двете светски војни.
Постои политички дијалог меѓу двете земји за можно зближување и соработка, а некои политичари во Молдавија и Романија се залагаат за идејата за обединување.