Ракомет Има 24 години и е висок 198 см

РК Вардар купи лев бек за следната сезона

Ракометарот има настапи и за хрватската репрезентација, но поради ситна повреда го пропушти Европското првенство кое е во тек, иако беше на списокот на селекторот на Хрватска.

РК Вардар купи лев бек за следната сезона

Ракометниот клуб Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар. Играчот „црвено-црниот“ дрес ќе го облече во Скопје веќе од следната сезона.

Љевар (24 години), е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Тој во Вардар доаѓа од словенечкиот клуб Слован, а имаше одлични настапи и успеа да постигне 44 голови.

–  Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели, изјави за фејсбук страницата на РК Вардар Леон Љевар.

Ракометарот има настапи и за хрватската репрезентација, но поради ситна повреда го пропушти Европското првенство кое е во тек, иако беше на списокот на селекторот на Хрватска. (МИА)

To top