Ракомет

РК Вардар потпиша со хрватски репрезентативец

РК Вардар потпиша со хрватски репрезентативец

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар потпиша двегодишен договор со хрватскиоѕ репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона.

Љевар (24), роден во Ријека, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим.

Покрај клубските успеси, Љевар е и член на хрватската репрезентација, каде што неодамна имаше силни настапи и ги привлече вниманието на ракометната јавност низ Европа. Поради мала повреда мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка иако беше на списокот на хрватскиот селектор, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.

„Големо задоволство и чест ми е што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели, изјави Љевар.

„Цевено – црните“ соопштија и дека укринаскиот бомбардер Дмитро Хориха, ги одбил понудите од бундеслигашот Фуксе Берлин и унгарскиот гигант Веспрем, што значи дека до крајот на сезоната останува во „црвено – црниот“ дрес.

To top