Венко Филипче денеска со растреперен глас јавно потврди дека тој и неговата СДС се против безбедноста во сообраќајот и контра безбедноста на македонските граѓани.
Претседателот на веќе според многумина аздисаната и анархистичка партија посочи јасно и гласно дека тие нема да го поддржат есенцијалниот закон од кој зависи имплементацијата на „Сејф сити“, притоа вадејќи се дека тие не ти биле против безбеднсста, туку измисли некакви си „парцијални решенија“ контра кои си се бунела и кои могу и пречеле партијата од Бихаќка.
„Не можеме да дозволиме законот парцијално да се имплементира“, изјави Венко, со тоа јасно кажувајќи и дека не можат да дозволат имплементација на Сејф сити. Значи, да е до нив, Македонија би била без безбедни патишта се додека тис се согласат со законот. Можеби, не им се плаќаат казни, а пусти тендери веќе нема? прашуваат граѓаните по соц-мрежите.
Познавачите на состојбите објаснуваат дека овој наплив на параноја кај врхушката на СДС се должи на она што го имаат сторено додека беа на власт, арамилак кој реално нема никаква врска со Сејф сити. Ги засега и загрижува можната „наплата“ на долговите од седумгодишното владеење. Ги мачи доаѓањето на правдата. Прадоксално е, како тоа Безбеден град е небезбеден само и само за Бихаќка?
За негова жал, политичкиот и октроиран дисидент Филипче е свесен дека и покрај небулозното, неаргументирано и нехумано противење на СДС на имплементацијата на Безбеден град, проектот, сакал Венко или не, ќе си почне со функционирање од 1-ви февруари, како што беше и планирано. СДС одамна не се прашуваат за ништо во државата, камо така да беше и во перидото 2017-2024…
Вчера пратеничката група на ДУИ изјави дека се надминати сите разлики со власта и дека ДУИ го поддржува гласањето на законот за кој е потребно дво-третинско мнозинство. Очигледно, само СДС со своите 17 пратеника (Зајкова од ЛДП се одвои), ќе биде единствената полтичка партија која е против проектот Бесбеден град, чии резултати се огромни и пред неговата имплементација.
Неофицијално, на Венко и СДС им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги добива заслугите и позитивните поени од зголемувањето и подобрувањето на безбедноста на граѓаните, нешто што и тие можеа да го сторат во минатото, секако, доколку не беа преокупирани со празнење н државната каса преку тендери и со потпишување инфантилни, антимакедонски договори, како и да не се плашеа од губење на некој глас од засегнатите возачи-манијаци на кои им пречи тоа што ќе добиваат казни за сторените прекршоци.
Ве тера да се запрашате, којзнае дали од 1-ви февруари Венко, Јон, Фани и екипата ќе ги плаќаат казните?