Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте престојува во Давос каде учествува на годишниот состанок на Светскиот економски форум.
Како што најави НАТО, Руте денеска ќе учествува на панел-дискусијата „Може ли Европа да се одбрани?“, на која ќе има обраќање заедно со претседателите на Полска и Финска, Карол Навроцки и Александар Стуб, претседателката на Европската инвестициска банка, Надија Калвињо и извршниот директор на француската компанија „Санофи“, Пол Хадсон.
Утре, Руте ќе присуствува на настанот „Украински појадок“, организиран од Европската стратегија на Јалта и Фондацијата „Виктор Пинчук“. Предвидено е Руте да учествува на панел-дискусија заедно со Стуб, летонскиот претседател Едгарс Ринкевич и премиерите на Белгија, Барт де Вевер, на Холандија, Дик Схоуф и на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Покрај ова, Руте ќе учествува на низа други настани и ќе има билатерални средби со повеќе меѓународни лидери кои присуствуваат на Форумот.