Кошарка

Заврши сезоната за Џими Батлер поради повреда

Заврши сезоната за Џими Батлер поради повреда

Џими Батлер претрпе сериозна повреда на коленото која со што за него заврши сезона со Голден Стејт Вориорс.

Напаѓачот на Вориорс ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на победата на неговиот тим над Мајами Хит од 135:112, натпревар кој беше целосно засенет од несреќниот настан на средината од третата четвртина.

Батлер се повреди на 7:41 минути до крајот на третата четвртина, судирајќи се со Дејвион Мичел за време на скок-шут, а доскокот му беше незгоден, по што Батлер заврши на паркетот во очигледна болка.

Реакцијата беше загрижувачка, а тишината во „Чејс Сентр“ арената јасно укажуваше на сериозноста на ситуацијата.

Повредата, секако, доаѓа во особено незгоден момент за Голден Стејт, кој е во значителен пораст на формата во текот на изминатиот месец. Вориорс победија на 12 од последните 16 натпревари во тој период и започнаа сериозно искачување на табелата, а Батлер беше еден од главните двигатели на таа серија.

Во јануари, тој постигна просек од 21,3 поени со исклучително ефикасен шут од поле од 53%, потврдувајќи колку многу значи за овој тим, и офанзивно и дефанзивно.

До повредата против Мајами 36-годишниот бек имаше скор од 17 поени, 4 асистенции и 3 скокови, а погоди една тројка од 5 обиди.

To top