Свет сад

Американските специјалци кои исчезнаа во Аденскиот Залив се прогласени за мртви

Двајца припадници на американската морнарица фоки, кои исчезнаа во близина на брегот на Сомалија за време на мисијата за запленување на оружје од иранско производство наменето за Хутите, се прогласени за мртви по неуспешната 10-дневна потрага, соопшти американската војска.

„Фоките“ кои се исчезнати 10 дена, сега се претпоставува дека се мртви. Фокусот сега е на пронаоѓање на нивните останки, се вели во синоќешното соопштение на американската централна команда (ЦЕНТКОМ).

Двата американски специјалци учествуваа во операција на 11 јануари чија цел беше неозначен брод за кој се верува дека носел делови за ирански ракети наменети за Хутите. Едниот паднал во бурното море, а другиот скокнал во водата за да му помогне. Оттогаш и двајцата се водат како исчезнати.

Американската морнарица го оценила бродот опасен и го потопила. 14-те членови на екипажот беа приведени.

Најнови вести од Свет

To top