Македонија предложено е и определување на мерка на претпазливост

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република  Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов.

-Судскиот совет на РепубликаМакедонија ќе ја одржи 535-та ИТНА седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за  одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор, стои во соопштението од Советот.

Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Осомничениот апелационен судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст.3 во врска со ст.1), и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст.1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино, полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Најнови вести од Македонија

To top