На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27) од Германија.
При извршена гранична контрола и по извршен преглед на возило-комбе „фолксваген“ со германски национални ознаки, во кое се превезувала, во задниот дел од возилото се пронајдени и одземени две тегли со печурки со психотропни супстанци, за кои М.С. се изјаснила дека се нејзини.
Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава