Ракомет изјава

Митревски предупредува: Не смееме да ги потцениме Романците, го познавам нивниот селектор – ми беше соиграч!

Уште еден возбудлив ден на Европското првенство за македонската ракометна репрезентација. Мечот против Романија, кој е последен од групната фаза е важен од два аспекти.

Првиот е дека со било каква победа, нашиот национален тим ќе биде носител пред ждрепката за бараж мечот за пласман на СП 2027 година, вториот пак е притисокот за евентуален пласман во главната рунда. На Македонија и треба чудо, бидејќи пред оваа средба вкупната негатива која ја имаме во однос на Португалија е 18 голови.

Романија во никој случај нема да биде лесен противник, иако има два порази во низа. На ова пред стартот на Европското првенство предупреди и Никола Митревски, кој добро го познава селекторот, Георге Буричеа.

„Сигурно ќе бидеме фаворити на овој натпревар, но не потценувам ниту една селекција што се пласирала на Европско првенство, а уште помалку Романија бидејќи го познавам нивниот селектор, ми беше соиграч во Констанца и знам дека ќе направи се за да дојде до поволен резултат на овој натпревар“, изјави Никола Митревски.

Мечот меѓу Македонија и Романија е закажан со почеток во 18 часот.

To top