Македонија паника и дефокус на со урнебесни прикаски за фудбалски натпревари

Јон се јави со нова СДС пародија: Луциден атак врз новинарите, на мета ТВ Алфа

Во целата лудост, изнајдоа врска преку ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, Тим на болницата „Жан Митрев“ кој замислете само –  ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“  во Будимпешта во 2025 година?!?! За да забеганоста биде крајна и уште поголема, „врската“ меѓу меѓу Митрев и Орбан да ти бил еден од тимовите-учесници на овој турнир  – Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Ууууу, директно во целта, нели? А Киниши да ти бил вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија. А газда на Алфа да ти бил унгарски концерн? Цццц, CSI вода да им носат, Агата Кристи и Артур Конан Дојл исто така.

Значи, се да ти било јасно, објасни Јон. „Ова е нивното разоткривање “, потенцираше самобендисано Фрчкоски.

Јон се јави со нова СДС пародија: Луциден атак врз новинарите, на мета ТВ Алфа

Дно на дното или врв на луцидноста на Летечкиот циркус на Венко Филипче, предводен од кокаино-конзументот Јон Фрчкоски, првата пушка на СДС.

Преку учество на турнир на болницата на Жан Митрев, СДС уренбесно објасни дека ТВ Алфа била врзана со докторот кој смело ја обелодени вистината за рекетот на Венко Филипче и Зоран Заев кои заглавија во обид по пониска цена да му ја откупат болницата. Ете, штом фудбалерите на болницата на Митрев играле во Будимпешта, тоа да ти било јасен знак дека Жан е врзан со концернот кој е сопственик на телевизијата. Веројатно, тоа им дошло од присуството на Венко во Дубаи со Заев, па логиката е иста. Или – Ако си во ист град, не ти гине теорија на заговор од Јон и Фрчко Постариот. Не дај боже да играш фудбал или ракомет, кошарка уште полошо…

Ова е јасен знак дека опасно врие во СДС, а паниката поради правдата која полека доаѓа по нивната врхушка ги тера на нов судир со медиуми и уште понови лажни вести со ултра-ступидни теории на заговор.

СДС комотно се враќа во 2016-та година, кога јавно и  бескруплозно атакуваше врз медиумите. Сега, кога нивниот лидер Филипче е народски кажано фатен со „рацете во медот“ и со смкнати „онакви“ за рекетот што со другарчето Заев го вршеле врз Жан Митрев, тие заради дефокус и ширење нова магла и се нафрлија на ТВ Алфа. Претходно на мета беше Курир.мк, па Плусинфо, Вечер.мк, Република, Нетпрес. Сите кои не и одговараат на уредувачката полтика на Бихаќка, затоа што ја изнесуваат вистината за криминалот на Зоран Заев и Венко Филипче.

Нападот врз Алфа е нов обид во стар стил да се девалвира еден критички медиум. Јавниот линч го предводи кој друг, ако не јавно декларираниот корисник на кокаин Јон Фрчкоски, кој мисли дека со тоа што се извини се му е простено. Ликот со ѓон-образ саде го чита она што му го напишал татко му, познат по тепање жени и момчиња по паркинзи, неразјаснет обид за атентат врз претседател, реј-бан наочари, коњи и „заеми“ по самбасади во САД.

Е, сега тој истиот Јон изнесе денеска нова теорија на заговор со крајно луцидни наративи и еден куп ступидни контексти, давајќи им сопствена фолирантска нота и насока на лажните вести од кујната на СДС, сега раководена од неговиот татко.

Без срам и перде, резултат веројатно на долгата консумација на направијата за која демек се извини, СДС првата пушка ламентираше за некаква си имагинарна политичко-финансиска мрежа на уште понекаква измислена оска Орбан – Вучиќ – Мицкоски, повлече (така стои оригинално во објавата, ПОВЛЕЧЕ, значи повлекол нешто, можеби и бело) Фрчкоски, додавајќи дека „граѓаните ќе видат зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки и јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче“.

Во целата лудост, изнајдоа врска преку ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, Тим на болницата „Жан Митрев“ кој замислете само –  ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“  во Будимпешта во 2025 година?!?! За да забеганоста биде крајна и уште поголема, „врската“ меѓу меѓу Митрев и Орбан да ти бил еден од тимовите-учесници на овој турнир  – Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Ууууу, директно во целта, нели? А Киниши да ти бил вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија. А газда на Алфа да ти бил унгарски концерн? Цццц, CSI вода да им носат, Агата Кристи и Артур Конан Дојл исто така.

Значи, се да ти било јасно, објасни Јон. „Ова е нивното разоткривање “, потенцираше самобенисано Фрчкоски.

Нема простор за дилеми, ви текнува. Ако тимот на Митрев играл во Унгарија, тој не може да не е врзан со Алфа и нејзините сопственици. Поголема глупост, веројатно, не сте слушнале, но ако тоа го кажува дечкото кој се гордее со тоа што шмркал кокаин, нема чуму да не му се верува, нели?

И пак, доаѓаме до сцената од „Ми нисмо анѓели“, која објаснува се’:

 

Ајде, да видиме како и со кој став ќе реагираат ЗНМ и ССНМ. На потег сте дечки.

Најнови вести од Македонија

To top