Свет изјава

Де Вевер: Имам чувство дека времето на слаткоречивост кон САД заврши

Имам чувство дека големо мнозинство од европските лидери мислат дека е доста и дека времето на слаткоречивост заврши, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Де Вевер: Имам чувство дека времето на слаткоречивост кон САД заврши

Имам чувство дека големо мнозинство од европските лидери мислат дека е доста и дека времето на слаткоречивост заврши, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

– Работите се загреваат. Европската кошница зуи, изјави Де Вевер осврнувајќи се на комуникацијата меѓу европските лидери по најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум земји од Европа и за преземање на Гренланд.

Според Де Вевер, како што пренесуваат белгиските медиуми, последните закани на Трамп од минатиот викенд создале пресвртница во Европа.

– Данска отсекогаш била најсилен сојузник на САД, а сега ја третираат на овој начин. Дополнително им се закануваат на земји од НАТО кога организираат воено присуство на територијата на НАТО. Стигнувате до точка каде што слаткоречивоста е контрапродуктивни. Таа само ги охрабрува да одат чекор понатаму, изјави Де Вевер.

Белгискиот премиерот истакна дека од пораките со кои европските лидери „се бомбардираат едни со други“ добива впечаток дека трпението на Европа истекува.

– Моето чувство во моментов е дека големо мнозинство лидери смета дека е доста. Повеќе нема да го трпиме ова, додаде Де Вевер.

Инаку, за време на престојот во Давос предвидено е Де Вевер заедно со белгискиот крал Филип да имаат средба со Трамп.

– Тоа ќе биде посебен момент. Со нетрпение го очекувам. Но, прво да видиме дали ќе се одржи, изјави Де Вевер коментирајќи ја средбата со Трамп.

Најнови вести од Свет

To top