Фудбал

Баерн Минхен купува дефанзивец на Манчестер Сити

Баерн Минхен купува дефанзивец на Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер сити, Џон Стоунс, оваа чето станува слободен фудбалер, откако ќе му истече договорот со „граѓаните“ и ќе може бесплатно да се пресели било каде.

Интерес за него има од Милан, Наполи, Комо, Евертон и Атлетико Мадрид, но се чини дека сите ќе извисат, откако во трката се вклучи и Баерн Минхен.

Тој сака да го ангажира дефанзивецот уште зимава, а „баварците“ за тоа ќе мора да платат, па на тој начин ја претекнаа конкуренција.

Целта и на самиот фудбалер е да замине од Манчестер сити уште зимава, а желбата е тоа да биде во екипа во која ќе игра и ќе освојува трофеи.

 

To top