Англискиот фудбалски клуб Њукасл ја одби првата понуда на Баерн Минхен за десниот бек Киран Трипие.
Трипие веќе има договор со Баварците и инсистира да се пресели во Минхен, но двата клуба не можат да постигнат договор.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел, сака неговиот тим да се засили со нов десен бек и смета дека Трипие би бил идеално решение во моментов.
Меѓутоа, Њукасл не сака да се откаже од еден од најдобрите свои фудбалери, па ја одби првата понуда на Баерн Минхен.