Хроника СВР Велес

Уапсено лице од Кавадарци, одзело телефон во Велес

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, соопшти МВР.

Уапсено лице од Кавадарци, одзело телефон во Велес

На 18.01.2026 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Џ.Д.(36) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека на улица „Ангел Мишев“ во Велес, на Ф.Б.(42) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка му го одзел мобилниот телефон.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Д. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top