Средношколецот Матеј Стојановски од село Младо Нагоричане го извади крстот од водите на реката Пчиња во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане. По крстот скокаа триесетина верници од општината.
Стојановски доби пригодни подароци од општината Старо Нагоричане.

Празникот Богојавление – Водици масовно го прославуваат жителите, кои ги посетија православните цркви на подрачје на општината. Традиционалната манифестација се одржува во село Драгоманце на кејот покрај Пчиња.