Свет „Би го легитимирала неговиот обид да ја нападне Украина“

Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“, рече шпанскиот премиер Санчез

„Американска воена акција против огромниот арктички остров во Данска би му наштетила на НАТО и би ја легитимирала руската инвазија на Украина“, нагласи Санчез.

Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“, рече шпанскиот премиер Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во интервју за весникот „Вангардија“ дека евентуална американска инвазија врз Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“.

„Американска воена акција против огромниот арктички остров во Данска би му наштетила на НАТО и би ја легитимирала руската инвазија на Украина“, нагласи Санчез.

„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американската инвазија на оваа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимирала неговиот обид да ја нападне Украина“, рече тој во интервју за весникот „Вангардија“.

„Ако САД употребат сила, тоа би била смртна казна за НАТО. Путин би бил двојно среќен.“ (МИА)

Најнови вести од Свет

To top