Македонија да беа на власт, тие би го злоупотребиле СЕЈФ СИТИ, гарантирано

СДСМ најави злоупотреба на служби и податоци, или кога крадецот ќе викне: ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ!

За жал на Филипче, ако некој има ИСТОРИЈА НА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБИ НА БЕЗБЕДНОСТ, тоа е СДСМ и никој друг.

Веројатно, да беа на власт ие би ги злоупотребувале службите и СЕЈФ СИТИ, па посилно од него, си кажа „лидерот“

СДСМ најави злоупотреба на служби и податоци, или кога крадецот ќе викне: ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ!

Вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. СДС, удбашка партија која потекнува од службите на екс Југославија, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги злоупотребувала податоците од Безбеден град?!?!

Дали ова е истата партија која уште од самиот старт на независноста прислушува и следи полтички пртивници (афера ДУВЛО), истата која го злоупотреби ГОЛЕМОТО УВО на Бранко Црвенковски, пушташе БОМБИ со Заев и службите во кои со цел ум ВМРО сами себе се прислушкуваа и партија која кога е во опозиција и која е на власт е олицетворение за кодошлук и прислушкување? Онаа партија која на власт го следела Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ? Која следеше јавни обвинители?

Тоа не го спречи Венко денеска да рекне:

„Во сегашниот контекст, тоа е економската состојба во државата, стандардот на граѓаните, мора да се зборува за висината на казните. И второ, исто важна работа, што и кој ги контролира огромната количина на податоци коишто системот ‘Safe City’ ги собира“, рече Филипче.

Притоа, Филипче „потсети“ дека ВМРО-ДПМНЕ има историја во злоупотреба на податоци и службите за безбедност и затоа е важно да има дискусија во Собранието за овие  прашања. Да потестуваше на историјата на СДС на ова поле, ќе му требаше книга со формат од „Војна и мир“, можеби поголемка, но тоа не го спречи патетично да натопори:

„Станува збор за влада на ВМРО-ДПМНЕ, која има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни, партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи“, посочи Филипче.

За жал на Филипче, ако некој има ИСТОРИЈА НА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБИ НА БЕЗБЕДНОСТ, тоа е СДСМ и никој друг.

Веројатно, да беа на власт тие сосема нормално и со многу елан би ги злоупотребувале службите и СЕЈФ СИТИ, навика си е навика, па посилно од него, си кажа „лидерот“ со Фројдов комплекс во себе.

Народот за ова вели дека прискаката на Венко е КОГА КРАДЕЦОТ ЌЕ ВИКНЕ: ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ.

Никој нема меморија од ТРИ секунди, народот најмалку…

Најнови вести од Македонија

To top