„Трајановски: Државата не е подготвена за укинвање на техничката влада“ – ова е насловот на текстот од прес-конференцијата на нивниот потпретседател и ултра-лузер на последните локални избори како кандидат на СДС за Општина Аеродром.
Граѓаните во дилема, а опциите се три.
Или СДС со ова им се упиква/приближува на битолчани, или некоја битолчанка од пи-ар тимот на СДС го средувала аеродомскиот лузер со патетичната пржинска тема, или поверојатно се работи за класична СДС неписменост и брзање „пошто-пото“ да ја завршат работата за да се посветат на оговарање и „шмрќање“ кафенце со цигарче.
Ќе да е последното.
За жал, сакале СДС или не, кукале или не кукале, Техничката влада ќе се УКИНВИТ.
Авторот, пак, според „длабочината“ на потегот за упикување кон битолчани (ако тоа е ниетот на СДС), на Широк сокак би го крстиле ПЛИТКИО…

Ако се’ уште сте „Неверни Тома“ и се сомневате во неписменоста и „пошто-пото“, „пиши-бриши“ писанијата на луцидната СДС, во следното соопштение ругајќи се со колегите Героски и Талевска им ги утнаа презимињата. Таму се ГероВски и Ивона ТаКевска.

Не бадијала, интернетот толкува дека „најверојатно, оваа порака на СДС е на Корзикански“ (It looks like this message is in Corsican/Translate to English). Точка.