Алекс Душебаев беше еден од лидерите на Шпанија во победата над Србија во првото коло од Европското првенство.
„Секогаш е тешко против Србија, тоа е екипа која што секогаш ќе се бори. Имавме предност од четири гола разлика, но знаевме дека ништо не е готово и дека противникот може да се врати. Но, добро е што победивме и секогаш е тоа најважно. Ако загубите во првото коло, ќе биде многу тешко понатаму, особено во оваа група“,
Десниот бек кој ги минува последните месеци во Киелце се осврна и на неговото можно враќање во редовите на Вардар.
„Јас бев многу задоволен во Вардар. Но, сега ситуацијата е поинаква. Така што… ќе видиме“, додаде шпанскиот ас.