Свет има повредени

Експлозија во центарот на холандскиот град Утрехт

Едно лице е потешко повредено попладнево при најмалку една експлозија во куќа во центарот на холандскиот градот Утрехт, по што во објектот избувнал пожар.

Експлозија во центарот на холандскиот град Утрехт

Едно лице е потешко повредено попладнево при најмалку една експлозија во куќа во центарот на холандскиот градот Утрехт, по што во објектот избувнал пожар.

Како што јави холандската државна телевизија НОС, околу 15.30 минути полицијата била алармирана дека се слушнала „гигантска експлозија“, по што кон местото на настанот се упатиле полициски тимови, како и екипи на брзата помош и противпожарната служба.

Други медиуми јавуваат дека пред избувнувањето на пожарот се слушнале две експлозии, а според некои медиумски извештаи се споменува и „серија од неколку експлозии“.

Причините за експлозијата или експлозиите засега не се познати.

Медиумите јавуваат за искршени прозорци на повеќе околни згради, како и за остатоци од цигли и крш по улицата.

Реонот околу зградата е блокиран, а затворени се и историската улица „Спрингвег“ и популарниот плоштадот „Маријаплас“, кои се наоѓаат во непосредна близина.

НОС информира дека степенот на подготвеност безбедносните служби е подигнат на ниво 2, што се дефинира како „инцидент со дефинитивен ефект врз околното подрачје“.

Теми на денот

To top