Тој за „Радио Словенско“ изјави дека ЕУ секој месец во Украина испраќа 1,5 милијарда евра и отворено запраша колку е тоа одржливо.
Според него, на маса за проверка е и одбранбениот договор со САД.
-Го споредивме договорот, на пример, со оној што го склучи Чешка. Нашиот е без апсолутна трошка суверенитет, рече Фицо, пренесува словачки „Стандард“.
Тој посочи дека според овој договор, на пример, на сојузничките авиони им се дава овластување да слетуваат и полетуваат само со најнеопходните технички дозволи.
Фицо, исто така, истакна дека словачките електрани не се заштитени со ПВО системи.
-Го испративме тоа што го имавме во Украина, рече словачкиот премиер и додаде дека словачкиот систем „С-300“, што политичарите на поранешната влада го нарекоа отпад, украинските медиуми го пишуваат како ефикасна одбрана на воздушниот простор.
Според „Стандард“, Фицо в среда во Ужхород ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, кому ќе му каже дека Украина нема да добие никакво оружје од Словачка.
-Ќе му кажам дека има работи за кои имаме сосема поинакво мислење, ќе му кажам дека кога станува збор за влез во ЕУ ги почитуваме, но тие мора да ги исполнат условите, а не земја која апсолутно не ги исполнуваат сите услови да влезе во ЕУ, посочи Фицо.
Тој додаде дека и на украинскиот премиер Шмихал ќе му каже дека е против влезот на неговата земја во НАТО.