Регион грција

Во Грција пристигна првата од четирите ултрасовремени фрегати Белара

Во присуство на политичкиот и воениот врв на Грција, претпладнево беше официјално пречекана ултрамодерната фрегата под името „Кимон“ што е првата од четирите фрегати што земјата ги набави од Франција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција пристигна првата од четирите ултрасовремени фрегати Белара

Во присуство на политичкиот и воениот врв на Грција, претпладнево беше официјално пречекана ултрамодерната фрегата под името „Кимон“ што е првата од четирите фрегати што земјата ги набави од Франција, јави дописничката на МИА од Атина.

Фрегатата Ф601 има најсовремени дигитални системи за противвоздушна и противподморска одбрана, а го носи името „Кимон“, по атинскиот политичар и генерал од 5 век п.н.е., кој се истакнал за време на Персиските војни.

„Кимон“ минатиот четврток отплови од францускиот град Брест, претпладнево доплови во Саронскиот залив со крајна дестинација поморската воена станица на островот Саламина, а грчките медиуми коментираат дека е историски ден и нова ера за воената морнарица на Грција.

Со хеликоптер на фрегатата пристигнаа грчкиот претседател Константиос Тасулас, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас.

Мицотакис посочи дека првата должност на секоја влада, на секое политичко раководство е земјата да биде побезбедна од претходно, додавајќи дека „денеска правиме многу важен чекор во таа насока“.

– За оперативните капацитети на овој ултрасовремен брод говоревме многу. Јас ќе се задржам само на тоа дека е уште една „алка“ во континуираните напори за модернизација на вооружените сили и во однос на средствата што ги имаат на располагање и во однос на зајакнувањето на човечките ресурси, така што потенцијалот за одвраќање на нашата земја да не биде оспоруван од никого и нашата земја ја проектира својата сила како столб на стабилност и способност во Источниот Медитеран, со сè поголема ефикасност, истакна Мицотакис.

Грчкиот претседател нагласи дека Грција се зајакнува, „се засилува одлучно, морално и практично, благодарение на пристигнувањето на револуционерниот брод „Кимон“, брод од шеста генерација, што доаѓа да ја зајакне воената морнарица“.

Во текот на оваа година се очекува да пристигнат уште две фрегати, додека пак последната, четвретата, во Грција ќе доплови следната година.

Најнови вести од Регион

To top