Свет соопштение

Белгија засега не испраќа свои војници на Гренланд

Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија по најавата за почеток на Европската воена мисија на овој дански остров.

– Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално, се наведува во соопштението на Министерството.

Во него се додава дека доколку такво барање сепак биде упатено до Белгија, Министерството за одбрана, заедно со Владата, ќе „испита што може да направи“.

To top