„Дно дна“, велат северните соседи на насила северизираната земја од СДС. Овој „подрум на дното“ тие го достигнаа денеска во партиско соопштение од кое би се засрамиле пред која било македонска кооперација. Муабет и речник од кој и на кооперативците би им омрзнал месниот нарезок со вегета во бакалска хартија. Очебијно, мора да се забрани зачестената употреба на иљачот на Јон во оваа партија. Под итно.
Реакцијата, која само ги опишува пластично авторите на истата, доаѓа откако Героски направи МЕТАФОРИЧКА споредба на ликот и неделото на Филипче со секташот Џим Џонс (Сектата на Бихаќка пред „колективната исповед“ на 24 јануари), на што забеганите пи-арџии од тимот за комуникации на СДС со најмизерен вокaбулар му одговорија:
„…Покажувајќи колку е овој фрустриран старец, болен човек и срамен за новинарската професија, вистинско зло на новинарството кое го деградира целиот еснаф…“
Со цел ум, дури назначија дека по ова каљање, девалвација и лични навреди ќе поднеле осма претставка до ЗНМ. Аирлија претставките, мизантропи ниазедни.
Проблемот е што пустите пи-ар ајвани не разбираат што е тоа метафора, за која децата учат во 4-то одделение.
Значи, аман, вратете ги Јоновци, Богданки и останати Фрчковци во 4-то одд или кажете му на Заев да ги смени. Филипче и онака е само чувар на тронот, не смее да му писне ниту на портирот.
Да, точно, на потег се ЗНМ, МАН, ССНМ, амбасадите.
Но не за писанието на Героски, туку за забеганиот однос на СДС кон новинарите…