Македонија температура до 5 степени

Променливо облачно и многу студено време со сончеви периоди

Денес во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури. Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Променливо облачно  и многу студено време со сончеви периоди

Во неделата во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури.

Претпладне, претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темератирата во текот на днот ќе достигне до 2 степена.

Најнови вести од Македонија

To top