Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш се очекува да биде првото засилување за Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед.
Екипата од „Олд Трафорд“ сака да го засили средниот ред, а токму во Португалецот се гледа на фудбалер кој може тоа и да го направи.
Во прилог оди и добрата цена која ја има Рубен Невеш во моментов, па Ал-Хилал би прифатил сума од 20 милиони евра.
Преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати, а Португалецот нема ништо против да се врати на Островот.
Рубен Невеш во 2023 година беше продаден од Вулверхемптон на Ал-Хилал за сума од 55 милиони евра и беше една од најголемите ѕвезди кои пристигнаа во Саудиска Арабија.