Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Руди Гобер направи неспортски прекршок врз центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама.
За ова, Гобер доби неспортски прекршок од прв степен и го заработи својот шести поен за неспортски прекршок, што значи автоматска суспензија од еден натпревар.
Според американските медиуми, овој пропуштен натпревар ќе го чини Гобер 201.149 долари од платата.
Оваа сезона, центарот на Волците има просек од 11 поени, 11,4 скока и 1,7 блокади.