Петра Влхова имаше незгоден пад во словачкиот ски-центар Јасна, по што веднаш доби медицинска помош, а трката беше прекината половина час.
Иако на прв поглед не изгледаше опасно, сепак Влхова имала посериозен контакт со снегот и се шпекулира дека настрадале лигаментите на коленото.
Доколку се покажат како точни шпекулациите, тогаш ова за Влхова ќе биде крај на сезоната.