Фудбал Ла Лига

Алваро Арбелоа нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид денеска и официјално го претстави новиот привремен тренер Алваро Арбелоа, откако вчера ја прекина соработката со Чаби Алонсо. Според најавите од „кралскиот клуб“ поранешниот дефанзивец на клубот ќе остане на клупата до крајот на сезоната.

– Ова е посебен ден, како и сите денови што сум дел од Реал Мадрид. Денеска ја знам одговорноста и задачата која е пред мене и ја прифатив со голема ентузијазам.Вчера бев информиран дека го преземам првиот тим и веднаш разговарав со Чаби, но тоа ќе остане мѓу нас, изјави Арбелоа.

На промоцијата присуствуваше и директорот на клубот Емилијо Бутрагењо, а Арбелоа денеска го имаше и првиот тренинг со екипата.

To top