Македонија На покана на премиерот Христијан Мицкоски

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби присуство, што премиерот го оцени како некултурен политички потег.

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски.

На агендата се укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител.

Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби присуство, што премиерот го оцени како некултурен политички потег.

Левица најави учество поради инсистирањето на една изборна единица, иницијатива поддржана и од ДОМ, а ДУИ сè уште не го соопштила конечниот став.

Најнови вести од Македонија

To top