Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево.
На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување. Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
-Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.