Македонија Министерство за европски прашања

Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Ќехаја

Денес, во Владата на Република Македонија, заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Косово, Флориан Ќехаја.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот.

Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција.

To top