Македонија мледичот кој прегази жена во капиштец и избега

Бегалецот Саитов се снимал како „дивее“ по скопските улици со само 17 години

На спорното видео, објавено на социјалните мрежи, се гледа како тогаш малолетниот Саитов управува со автомобил со огромна брзина низ населено место. Според достапните информации, во моментот на снимањето тој имал само 17 години.

Бегалецот Саитов се снимал како „дивее“ по скопските улици со само 17 години

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тинејџерот Саит Саитов, кој во петокот прегази и усмрти жена во скопската населба Капиштец, уште пред речиси една и пол година опасно дивеел по улиците со автомобил „фолксваген пасат“.

Саитов по трагичниот настан избегал од Македонија со помош на татко му и на неколку други лица, а по него е распишана централна и меѓународна потерница.

На спорното видео, објавено на социјалните мрежи, се гледа како тогаш малолетниот Саитов управува со автомобил со огромна брзина низ населено место. Според достапните информации, во моментот на снимањето тој имал само 17 години.

Откако медиумите ја објавија оваа вест, Саитов ги избришал сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го отстранил описот од профилот, а потоа го сменил и корисничкото име.

Саитов немал возачка дозвола кога ја прегазил жената во Капиштец.

Вчера МВР издаде потерница по него. Тој е во бегство веднаш по настанот, избегал со помош на родителите.

„Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, истакна МВР на својата веб-страница.

Саит последно бил пријавен на адреса на улицата Дом Ндуе Битичи во Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top