Во вчерашниот израелски напад со дрон во централниот дел на Појасот Газа загинаа три лица.
Според израелската армија (ИДФ) загинатите ја преминале линијата за прекин на огнот во близина на коридорот Мораг и претставувале непосредна закана за израелските војници.
ИДФ тврди и дека кај загинатите се пронајдени оружје и опрема за собирање разузнавачки податоци.
Според Министерството за здравство во Газа, убиени се над 440 луѓе пткако Израел и Хамас во октомври минатата година постигнаа договор за прекин на огнот. Оттогаш и двете страни постојано се обвинуваат за меѓусебно кршење на примирјето.