Македонија ќе се ребрендираат ли во СДССМ, конечно?!

Толку од лажниот патриотизам: СДССМ ѝ се врати на СЕВЕРНА

Во денешното небулозно соопштение во кое сушат-лажат за некакви српски врски на актуелната влада, злоупотребувајќи ја приватната, партиска посета на Србија на вицепремиерот и министер Стоилковиќ, болументата на Филипче срочи дека од Илинденска се ширел некаков си анти-ЕУ наратив. И по дооолга пауза си кажаа СЕВЕРНА. Придавка болна за ушите на секој вистински Македoнец, но толку „нормална“ и пожелна за екипата од Бихаќка.

Ај што пак си го кажаа она на „С“, зборче кое ги жега и пара душите на секој граѓанин кој си ја сака државата, туку внимавајте – ја обвинија Македонија и власта дека намерно создавале конфликти со соседите/Бугарите?!?!?

Толку од лажниот патриотизам: СДССМ ѝ се врати на СЕВЕРНА

По неколку месеци избегнување на небулозната придавка на уставното име, која самите со својот сегашен лидер во сенка Заев насила и со уцени на пратеници и’ ја наметнаа на Македонија, не почитувајќи го и громогласното народно НЕ на Референдумот, СДС и’ се врати на СЕВЕРНА. Се вратија дома…

Беше приметливо во партиските соопштенија и во изјавите на нивниот октроиран лидер Филипче, како и во писанијата на врхушката дека ја избегнуваат сопствената додавка, беден обид да му се доближат на народот. Увидувајќи дека тоа нема никаков ефект кај Македонецот, продолжија по старо. Онака како што си знаат. Ксенофилно, мизерно, сервилно, безрбетно, субмисивно. Изберете самите…

По поразот од 56:6 на локалните избори, СДС повторно си се вратија на она што единствено го знаат – коленичење, берзбетништво и надеж дека со угодување на странците некој ќе ги врати на власт, сфаќајќи дека сами тоа никогаш нема да можат да го сторат. Сфатија и се потсетија и дека, како што им кажа на времето и Муртинхаузен Заев, патриотизмот не им прилега. Реално, беа како слонови во пижами…

И така, се вратија „на свое“. Во денешното небулозно соопштение во кое сушат-лажат за некакви српски врски на актуелната влада, злоупотребувајќи ја партијската посета на Србија на вицепремиерот и министер Стоилковиќ, болументата на Филипче срочи дека од Илинденска се ширел некаков си анти-ЕУ наратив. И по дооооолга пауза си кажаа СЕВЕРНА. Придавка болна за ушите на секој вистински Македонец, но толку „нормална“ и пожелна посластица за екипата од Бихаќка. Ги потсетувала колку биле „јаки“ кога ја наметнаа. Пуста, северна носталгија…

Реформите за ЕУ намерно се избегнуваат, намерно се создаваат конфликти со соседите, се измислуваат причини за да се блокираат преговори. Се е смислено сценарио, дел од една анти – ЕУ кампања за власта да продолжи пљачката на државата.

Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно“, натопорија СДС во денешното соопштение до јавноста. И си преминаа на свој терен, северџански ли беше, каков и да е…

Туку, ај што пак си го кажаа она на „С“, зборче кое ги жега и пара душите на секој граѓанин кој си ја сака државата, но внимавајте – ја обвинија Македонија и власта дека намерно создавале конфликти со соседите?!?!? Значи, Софија не провоцира, не не’ негира, туку за се’ виновна е Македонија?

Небаре, Бугарите не ни го негираа јазикот пред една недела и ни го нарекоа ДОСТАПЕН ЈАЗИК, не македонски. Но за СДС тоа е вина на оваа влада која нема попаметна работа и нон-стоп само се „кара“ со соседите, не дека тие се ултра-националисти кои не ни го почитуваат идентитетот. Веројатно, сервилните бескичмењаци кои со прифаќањето на безобразниот и едностран Француски предлог го создадоа проблемот со Бугарија мислат дека така и само ќе се вратат на власт. Како екипа која ќе прифати се што ќе и с еналожи, колку и да е тоа антимакедонско. Како што беше во 2017-та. Кога не ни победија за да владејат, ама беа буквално „монтирани“ за да го сменат името и да го доуништат преостанатото од идентитетските одредници.

Најнова иницијатива во оикофобната , автошовинистичка СДС (на која М во името не и доликува) е да се ребрендираат во СДССМ (Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија), фер потег после се’ што и сторија на Македонија и Македонците. Врв на самопрезирот кон македонштината од партијата која толкму многу тагува по Белград, а сега стана лепенка на Софија со визија во иднина да премине во подизведувач на Брисел.

СДССМ, колку тоа гордо ќе звучи, нели?

Редно е и со тоа име да си го викнат Чом, за конечно, да им го изгаси светлото на Бихаќка…

Најнови вести од Македонија

To top