Свет грок

И покрај забраните, Грок ќе се користи во Пентагон

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека Грок (Grok), чатбот базиран на вештачка интелигенција (ВИ), развиен од компаниите на Илон Маск, ќе биде интегриран во мрежата на Пентагон, каде ќе функционира заедно со генеративниот систем на ВИ на Гугл. Потегот е дел од поширока стратегија за вклучување на што поголем обем воени податоци во развојот и примената на вештачката интелигенција.

-Во многу скоро време ќе ги имаме сите водечки, светски ВИ модели на секоја некласифицирана и класифицирана мрежа во рамки на Министерството за одбрана, изјави Хегсет во говор во СпејсИкс (SpaceX), компанијата на Маск за вселенски летови во Јужен Тексас. Најавата доаѓа неколку дена откако Грок беше внесен на платформата Икс, што предизвика силни реакции низ светот поради генерирање на лажни и интимни фотографии на лица без нивна согласност.

Поради овие контроверзии, Малезија и Индонезија го блокираа пристапот до чатботот, а пак, независната британска институција за онлајн безбедност најави истрага. Во меѓувреме, компанијата ги ограничи можностите за генерирање и уредување фотографии само на корисници со платена претплата.

Министерот соопшти дека роботот ќе започне со работа во рамки на Министерството за одбрана наредниот месец и дека „сите релевантни податоци“ од воените ИТ системи ќе бидат ставени на располагање за ВИ експлоатација. Тој додаде дека и податоците од разузнавачките бази ќе бидат вклучени во системите на вештачка интелигенција.

Во своето обраќање, министерот нагласи дека Пентагон располага со обемни и проверени оперативни податоци собрани во текот на повеќе од 20 години воени и разузнавачки операции, кои, според него, се клучни за ефикасна примена на вештачката интелигенција. Тој истакна и дека визијата на Пентагон е развој на воени ВИ системи без „идеолошки ограничувања“, додавајќи дека вештачката интелигенција на Министерството за одбрана „нема да биде „woke“ (политички коректна).

To top